На барање на советникот на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари телефонски разговор со Шоле. На разговорот присуствуваа и заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ и амбасадорката на САД во земјава, Анџела П. Агелер, соопштија од Владата.
Шоле е значајна фигура во американската политика. Во неговото портфолио влегува соработката со дипломатски легенди како Џејмс Бејкер, Строуб Талбот и Ричард Холбрук и служеше во високите ешалони на Белата куќа, Пентагон и Стејт департментот. Се смета за креатор на американската политика во Босна, Сирија, Русија, Украина
Од Владата соопштија дека Шоле се заблагодарил за покажаното лидерство на Република Северна Македонија и на премиерот Ковачевски како домаќин на состанокот меѓу Србија и Косово во Охрид.
„Премиерот Ковачевски и советникот Шоле, разговараа за повеќе актуелни прашања, со фокус на евроинтеграцискиот процес на Република Северна Македонија, пришто беше потврдена континуираната поддршка од САД за заложбите на државата за исполнување на критериумите за влез во ЕУ, како и обезбедување стабилност, просперитет и економски развој на тој пат“, информираа од Влада.