776
На автопатот Приштина-Пеќ, кај градот Враголија, се случила тешка сообраќајна несреќа во која се повредени 30 лица, потврдија за Танјуг од косовската полиција.
Медиумите јавуваат дека во несреќата учествувал автобус кој превезувал ученици од екскурзија во Албанија.
Во соопштението на т.н на косовската полиција, се наведува дека во несреќата учествувале автобус со странски регистарски таблички, како и камион и автомобил со ознаки „РКС“.
„На местото на настанот излегоа надлежни полициски единици. Во несреќата се повредени околу 30 лица“, соопшти полицијата. Медицинските екипи се на терен.