На автопат Скопје – Тетово маж од Косово возел со 207 километри на час, заработи казна од 400 евра

by Fokus

Вчеравечер, од 20 до 22 часот, полициски службеници на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите што управуваат возила со брзина поголема од пропишаната со користење на таканаречениот ноќен радар.

„При контролата биле констатирани вкупно 7 пречекорувања на максимално дозволената брзина. Едно од пречекорувањата регистрирано на автопатот Скопје – Тетово, кај клучката Север на влезот во Тетово, било најголемо, а измерената брзина изнесувала 207 километри на час. На возачот на патничкото моторно возило `порше`, С.Е. од Република Косово, кој поседувал швајцарска возачка дозвола, изготвен му е поднесок и ќе се соочи со глоба од 400 евра“, соопштија од СВР Тетово.

Поврзани новости