266
Грчката полиција запленила 57 килограми и 195 грама кокаин на атинското пристаниште Пиреас, а се проценува дека вредноста на дрогата надминува два милиони евра.
Кокаинот, спакуван во 50 пакувања, бил скриен во делот за замрзнување во контејнер што пристигнал од Еквадор, а полицијата го открила по добиените информации за можно внесување на дрога во Грција по морски пат од конкретната земја.