И ја скршија радоста на жената! На сите кои што се дрзнале да ја навредуваат Атиџе им посакувам со толку пари колку што живее Атиџе во месецот, и тие со толку да преживуваат… и тоа до крај на нивниот мизерен живот!- реагира водителката Сузана Туруџиева, откако изминатиот период на социјалните мрежи се појавија низа на наредливи коментари на сметка на Атиџе Муратова, ѕвездата од филмот ,,Медена земја”.
Коментарите се однесуваат на донациите кои се собираа за Атиџе, на нејзиниот нов дом, но и по повод промоцијата на ,,Пола мене, пола тебе”, заеднички албум на Сузана и Атиџе. Имено, одредени личности ја обвинуваат Муратова дека наводно се збогатила од донации, а при тоа не се избираат зборови.
-Дека јас одамна имам отрпнато и не ме засегаат коментари од несреќни, фрустрирани и нереализирани лоши човечки примероци па и не ме допира кој што ,,тресе” по порталите, верувајте навистина не ме допира. Само ме мотивира уште повеќе! Ама дека за една чиста и невина скромна душа како Атиџе ќе плукаат, вреѓаат и колнат, немаше никогаш да поверувам.
На Атиџе најдоа да и завидуваат и да ја навредуваат!!! Болна е оваа средина… мнооогу болна! Безнадежно болна!
Да се засрамат сите до еден и да се молат Бог да им прости за сите гревови во кои влегле…
Атиџе сигурна сум дека ова ќе ја направи посилна, а јас и натаму ќе бидам до неа, ќе ја заштитувам и ќе и помагам онака како што го правев тоа и досега – порача Турунџиева на социјалните мрежи.
Нејзиното пријателство со Атиџе резултираше и со музичка соработка, а Сузана уште минатата година порача дека ќе направи се што е во нејзина можност за да и го олесни животот Муратова.
Вики Клинчарова