На американската црна листа 37 Албанци, меѓу кои и Мендух Тачи

by Fokus

На списокот непожелни личности на кои им е забранет влез во САД се наоѓаат 33 Албанци од Косово, како и тројца од Македонија и еден од Албанија.

Ова го наведува приштинскиот весник „Бота сот“ во написот „Црна листа: Ова се политичарите од Косово кои не може да патуваат во Америка“.

Написот почнува со тоа дека актуелениот премиер на Косово Рамуш Харадинај не доби виза да патува во САД и додава дека „освен него има уште 37 видни Албанци кои се на списокот непожелни во САД“, а кои на списокот на американскиот претседател Доналд Трамп се опишани како опасни личности.

„Даут Харадинај, Реџеп Селими, Азем Сула, Фатмир Лимај, Рамиз Ладровци, Сами Луштаку се дел од имињата на државјани на Косово кои САД ги сметаат за „опасни личности“ по нејзината безбедност“, пишува „Бота сот“.

Според весникот, на списокот со опасни личности за безбедноста на САД на американскиот претседател Доналд Трамп од Македонија се Мендух Тачи, Гафур Адили (шеф на политичкото крило на т.н. Албанската национална партија – АНА) и Нури Беџети.

МИА

Поврзани новости