Утре се очекува официјални лица во американската сојузна држава Ново Мексико да објават дали ќе бидат покренати обвиненија во врска со фаталното пукање на снимањето на филмот „Раст“, кога холивудскиот актер Алек Бодвин случајно ја уби снимателот Халина Хачинс.
За време на снимањето, кинематограферката Халина Хачинс беше убиена, а режисерот Џоел Соуза беше ранет, кога сценскиот пиштол користен од Болдвин за време на проба во октомври 2021 година испука жив куршум.
Лицето задолжено за пиштолот на сетот, Хана Гутиерез, им рекла на истражителите дека го проверила пиштолот и дека во него немало живи куршуми пред кобниот инцидент.
Во тужбата, поднесена минатиот февруари во Санта Фе против копродуцентот и актер Болдвин, продуцентската куќа, продуцентите и другите клучни членови на екипата, се наведуваат бројни прекршувања на стандардите на филмската индустрија.
Семејството на Халин Хачинс и Алек Болдвин минатата година постигна спогодба во тужбата против Болдвин и неговите соработници поради нејзината смрт.
Обвинителката Мери Кармак-Алтви рече дека спогодбата нема да влијае на нејзината конечна одлука дали да покрене обвинение.