На аеродромот во Белград почина патник чекајќи го багажот

by Fokus

Еден патник почина утрово на белградскиот аеродром Никола Тесла додека чекал да си го земе багажот, пренесоа српските медиуми.

Како што беше објавено на социјалните мрежи, на несреќниот човек наеднаш му се слошило во делот за земање багаж на аеродромот и лекарите се обиделе да му помогнат, но за жал безуспешно.

Според неофицијални информации, семејството на несреќниот маж го чекало на аеродромот, тој  бил патник од Чикаго.

Поврзани новости