На 9 март пресуда за Шуклев и другите обвинети во „Еразмус“

by fokus

По завршните зборови на Обвинителството и обвинетите, судечкиот совет на 9 март треба да ја соопшти пресудата за поранешниот декан на Економскиот факултет, Бобек Шуклев и другите обвинети во случајот „Еразмус“.

Судењето минатиот месец почна од почеток бидејќи еден од поротниците замина во Германија, но доказите не беа повторно изведувани, туку само се прочитаа и потоа следуваа завршните зборови за овој случај.

Во случајот обвинети се неколку професори на Економскиот факултет, Славе Ристески, Драги Јанев, Стојан Дебарлиев, Шуклев  и демонстраторот, Драган Денковски.

Еден од сведоците кој првично беше обвинет, а потоа стана сведок на обвинителството пред судот обелодени дека Шуклев барал пари или секс од студентки за оценка.

 

Поврзани новости