Препознатливиот глас на Бисера Велетанлиќ ќе одекне во Македонска Филхармонија во Скопје, на 17-ти ноември, а на сцената ќе ја придружува Васил Хаџиманов Бенд.
Настанот е во организација на Авалон Продукција, од каде најавуваат еден поинаков концерт и една поинаква вечер со регионалната дива на џез и шлагер сцената.
-На 17-ти ноември Скопје и Македонија ќе можат да уживаат во една специјално убава вечер со препознатливиот глас и појава на Бисера Велетанлиќ, која остана единствената на овие простори која ги спојува шлагерот, џезот и велеградската урбана шансона, заедно со Васил Хаџиманов бенд, соопштија од Авалон, со напомена дека ќе се одржи само еден, ексклузивен концерт, за кој влезниците се продаваат по цена од 1.500 денари.
Инаку, Бисера е родена пред 82 години во Сисак, а нејзините песни одбележаа добар дел од југословенската музика.
Започнала да пее во најрани години, заедно со сестра и Сенка (88), која беше сопруга на Зафир Хаџиманов.
Васил Хаџиманов пак, кој со својот бенд ќе ја придружува Бисера во Скопје, е син на Сенка и Зафир.
Двете сестри важат за легенди на југословенскиот шлагер.
Вики Клинчарова