На 8 март пресуда за Мијалков, Тачи и останатите обвинети во „Титаник 2“

by fokus

На 8 март во Кривичниот суд ќе биде објавена пресудата за случајот „Титаник 2“, во кој обвинети се екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Во завршните зборови обвинителката Фатиме Фетаи побара осудителна пресуда за сите обвинети, додека пак одбраната и обвинетите побараа ослободителна пресуда.

Предметот  „Титаник 2“ се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.

Според обвинеинето на СЈО, Мијалков и Тачи се испазариле за незаконско поништување на гласањето на локалните избори во Струмица во 2013 година, во корист на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости