Зоран Ванев (50), штипјанецот кој повеќе од две децении живее и работи како доктор за природна медицина во Цирих, Швајцарија, каде има своја клиника, по 11 години пауза повторно и се враќа на музиката.
Своевремено еден од доста популарните музичари во земјава и регионот, периодов снимил три нови песни ,,Лепа селе”, ,,Кафане” и ,,Дедовина” и веќе се објавени на музичкиот канал Јутјуб, а наскоро ќе ја промовирал и песната ,,Goodbye Florida”.
Во интервју за српски Телеграф, тој раскажува дека полека започнува неговото враќање на сцената и најавува ТВ појавувања низ Балканот.
Вели дека главна професија му останува природната медицина, бидејќи е признат доктор во Швајцарија, а студиите по природна медицина му одзеле пет години. За враќањето на сцената тврди дека не му е целта со полн капацитет да се враќа во тој свет, и ќе гостувал само на места кои него му одговарале.
Минатото лето, додека беше со семејството во родниот Штип, за „Фокус” раскажа дека ја сака Македонија, но не планира да се враќа назад, освен за да се види со блиските во тек на летните одмори.
Вики Клинчарова