Музичарот Елвир Мекиќ (43), кој беше доста популарен на сцената пред околу 20 години, има нова песна. Станува збор за дует со младиот охриѓанец Пајак, а песната ,,Негде после два” за која е снимен и видео запис, од вчера е прикачена на музичкиот канал Јутјуб.
Нумерата е со негов текст, додека музиката е на Пајак, а аранжманот е на Иван Јованов.
Повозрасните генерации се сеќаваат на Елвир, откако стекна голема популарност кога ја сними песната ,,Се шекнувам”. Во 2007 година го сними албумот ,,Опасно” а во 2009 следуваше албумот ,,Како нов”.
Настапуваше на повеќе домашни фестивали за забавна музика, а заедно со Јован Јованов често имаа настапи по клубови и беа тинејџерска атракција.
Пред околу 15 години се повлече од сцената, се ожени со Лејла, со која доби син, и се пресели во Сараево.
Во постаро интервју откри дека во Босна не се занимава со музика, и дека во Скопје доаѓа повремено, да се види со блиските.
Вики Клинчарова