Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри, соопшти дека нивната колешка Ирена Дојчиновска Милошевска починала од Ковид 19 и дека таа е најмладиот здравствен работник што ја изгубил битката со оваа болест.
,-Почитувани членови со голема жалост соопштуваме за прерано згаснатиот живот на досега најмладата медицинска сестра – жртва на ковид вирусот, 40 годишната сестра Ирена Дојчиновска Милошевска од Геронтолошкиот завод „13ти Ноември“ во Скопје.
Голем борец и хуманитарец во и вон своите работни обврски.
Унијата на ЗМСТАС ќе ја памети како некој кој несебично се даваше во сите активности поврзани во нашата борба за сестринските права, ќе ја паметиме како голем човекољубец, лојален соработник и голем пријател.
-Изразуваме сочувство до семејството и најблиските. Нејзиниот погреб ќе се одржи утре, на денот на нејзиниот роденден, се вели во соопштението.