На 4-ти ноември ќе се оценува обвинението за организаторите на 27 април

by fokus

За 4-ти ноември е закажана седница на која конечно ќе се оценува обвинителниот акт за Организаторите на 27 април, кој беше поднесен уште пред пет месеци.

-Заради интерес на повеќе медиуми околу обвинителниот акт во јавноста поврзан со „организаторите на настаните од 27 – ми април 2017 година“ ја информираме јавноста дека надлежниот совет за оценка на обвинителениот акт на 4 – ти ноември закажа седница за оценка на која веќе се повикани странките во постапката.

По одржување на седницата и донесена одлука на советот странките и јавноста ќе бидат благовремено известени.

Како што претходно судот неколку пати информираше, во однос на конкретниот обвинителен акт, беа закажани неколку седници за оценка на кои одбраната, иако претходно го знаеше составот на советот и закажаните термини за седница, непосредно пред седниците бараше изземање на судиите бидејќи истите судии претходно постапувале во оценка на други обвинителни акти поврзани со конкрентиот кривично – правен настан. За овие барања се утврди дека се основани и истите беа уважени. Со оглед да со овие барања беа изземени 8 од 9 – те судии во Одделението за организиран криминал и корупција, а со цел да се спречат сите понатамошни одолговлекувања на постапката, предизвикани од странките во постапката, актот согласно АКМИС системот беше распределен на оценка кај совет од судии од одделот Кривично – полнолетни и за истото беше известен  Судскиот совет на РСМ, информираат од Кривичниот суд.

Јавното обвнителство за организиран криминал покрена обвинение за поранешените министри Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски, екс собранискиот спикер Трајко Вељановски и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски, како организатори за насилствата на 27 ми април. Постапката за бегалците Никола Груевски и заменикот началник во петата управа Никола Бошковски ќе продолжи кога тие ќе бидат пронајдени.

Поврзани новости