На 31 година загина пејачот Лијам Пејн, паднал од трети кат во хотел

by Fokus

Лијам Пејн, некогашниот член на британската поп-група „Уан дајрекшн“, почина на 31 година во Аргентина откако паднал од третиот кат на хотел во Буенос Аирес. Полицијата кажа дека го пронашла телото на Пејн откако итните служби реагирале на повик во луксузната населба Палермо.

Пејн се стекна со светска слава како дел од популарниот бојбенд формиран во шоуто „Икс фактор“ во 2010, што го сочинуваа и Хари Стајлс, Луис Томлинсон, Нијал Хоран и Зајн Малик.

Според полицијата на Буенос Аирес, полицајците во прв момент реагирале на пријава за „агресивен маж кој можеби бил под дејство на алкохол или дрога“. Кога пристигнале во хотелот, им било кажано дека се слушнал гласен звук во внатрешниот двор на хотелот, каде што потоа го пронашле телото.

„Пејн претрпел сериозни повреди, ќе биде спроведена обдукција“, изјави директорот на итните медицински служби Алберто Крешенти, кој не сакаше да коментира за околностите на падот.

Поврзани новости