На 300 метри пред запалениот автобус имало траги од гориво

by fokus

На 300 метри пред да се случи катастрофата со македонскиот автобус, на патот “Струма”, се гледаат траги од истечено гориво.
Ова го изјави министерката за регионален развој на Бугарија, Виолета Комитова во гостувањето во емисија на бугарската Нова ТВ.

Таа повтори и дека патниците загинале како резултат на пожарот.

„Наводно, несреќата не била со голема брзина, но избувнал пожар. Имаме многу чуден настан – пожар, што мислам дека е главната причина за жртвите. Немаме објаснување како точно изгоре овој автобус, рече Комитова.

Поврзани новости