На 29 и 30 август е првиот уписен рок за на факултет

by fokus

На 29 и 30 август на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје е првиот рок за упис во прва година додипломски студии во учебната  2019/2020 година.

Според Конкурсот на УКИМ, слободни се вкупно 10 665 места. Од нив, во квотата за редовни студенти има  5387 места, во квотата за редовни со кофинансирање на студиите 4248 и за вонредни студенти слободни се 1030 места.

Како и во минатите години, надоместот што го плаќаат редовните е 200 евра, а за тие што ќе се запишат во квотата за кофинансирање или за вонредни ќе плаќаат по 400 евра.

За да конкурираат за студии, кандидатите треба да имаат положено државна матура. Критериумите и условите за упис се содражни во Конкурсот објавен на веб-страницата на УКИМ.

Вториот уписен рок на УКИМ е на 12 и 13 септември, а  третиот рок на факултетите каде што ќе останат слободни места е на 25 септември.

Согласно со Закон за високото образование донесен минатиот мај, учебната година за студентите почнува на 1 октомври.

Поврзани новости