Група студенти, кои се собрале да прослават положен испит по анатомија се соочуваат со парична казна од по 2.000 евра, бидејќи со прославата ги прекршиле здравствените прописи, сметаат од Обвинителството.
-Обвинетите, 28 лица, сите на возраст од 20 и 21 година, на 21 мај во раните утрински часови, биле затекнати при проверка во стан на улицата „Славејко Арсов“ каде биле собрани на прослава за положен испит по анатомија. Со ова тие постапиле спротивно на прописите со кои се определени мерки за спречување на коронавирусот, а со кои се забранува групирање на прослави и други собири заради заштита на здравјето на населението, велат од Обвинителството.
Оттаму додаваат дека надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог да определи парични казни за сите обвинети од по 100 дневни глоби, при што поединечната вредност на дневната глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.