764
Судечкиот совет од Основниот кривичен суд во Скопје, на чело со судијата Илија Трпков, на 26 јули ќе ја објави пресудата за организацијата на настаните од 27 април 2017 година во Собранието.
Во рамки на овој предмет, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески и бившиот директор на УБК, Владимир Атанасовски се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност.
Објавувањето на пресудата ќе следува откако на последните четири судски рочишта за овој предмет, обвинителката Вилма Русковска, обвинетите и нивните адвокати го дадоа завршните зборови.