На 22 август ќе им се суди на Чавков и пратениците за насилството во Собранието

by fokus
На 22 август ќе стартува судењето за насилството што се случи на 27 април 2017 година во Собранието, односно тогаш на обвинителна клупа ќе седнат  Митко Чавков, поранешен министер и прв човек на БЈБ, пратениците Крсто Мукоски, Љубен Аранудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и уште дваесетина обвинети за тероризам. Нив ќе им суди судијката Добрила Кацарска, која на две години затвор претходно го осуди екс премиерот Никола Груевски.
-Ја информираме јавноста дека првата главна расправа по предметот е насрочена за 22.08.2018 год. во 10:00 часот, а за следниот период насрочени се вкупно 37 термини за главна расправа, за што веќе се изготвуваат наредби за спровод за обвинетите
кои се наоѓаат во куќен притвор како и покани за останатите странки во
предметот, информираат од Кривичниот суд.

За настаните на 27 април обвинети се 30 лица за тероризам и загрозување на уставниот порредок. Меѓу нив се и петте пратеници на ВМРО – ДПМНЕ, Крсто Мукоски, Љубен Аранудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски и Љупчо Димовски. Обвиент е и екс директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков. Иако обвинението е во фаза на решавање дали ќе има судење, обвинителството се уште истражува кој го нарача насилниот упад во Собранието. Во документот кој до судот е доставен на 27 март годинава, нема нарачател. Стои само дека во организацијата на протестите главна улога имал Александар Василевски – Нинџа.

Поврзани новости