На 20 годишниот Дарко Циревски од Ресен му се потребни околу 26 илјади евра за третман на неговите раце кои делумно се одземени и нозе кои се целосно одземени при повреда на ’рбетниот мозок.
Тој пред две години доживеал повреда при скок во вода и дијагностицирана му била quadriplegia(одземеноста на раце и нозе).
За да се подобри неговата состојба, потребен е тримесечен третман во Хрватска, кој чини околу 26 илјади евра, пари кои тој со неговото семејство не можат да ги обезбедат.
Броеви за донации:Телеком: 070-143-144Вип: 143-470Трансакциска сметка: 210501677982873 NLB банка.За донации од…
Publiée par Darko Cirevski sur Mardi 20 août 2019
„По долготрајни терапии и вежби во центрите во Македонија, стигнав до стадиум да ми требаат поинтензивни вежби и роботика со цел што повеќе да се подобри мојата состојба. По консултации со повеќе стручни лица ми е сугерирано да продолжам со поинтензивни терапии во poliklinika Glavic (Zagreb, Hrvatska), каде нивниот третман од 3 месеци чини околу 26.000 евра, цена која јас и моето семејство не можеме да ја обезбедиме, па затоа ги замолувам сите добри и хумани луѓе да ми помогнат да ги соберам потребните финансиски средства и да одам во најкраток можен рок. Ви благодарам од срце.
Броеви за донации:
Телеком: 070-143-144
Вип: 143-470
Трансакциска сметка: 210501677982873 NLB банка“, напиша Дарко на својот профил на Фејсбук.
Фото – Дарко Циревски(Фејсбук)