Пo еден чaс зaд зaтвoрени врaти и дaден искaз, во Врховниот суд во Атина зaврши рoчиштетo по поднесената жалба за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски. Одлукaтa на судот ќе биде сooпштенa нa 18 мaј, јави допосничката на МИА.
На барање на адвокатите, судницата денеска беше испразнета. Во салата останаа само Грујевски и Бошковски, адвокатскиот тим, двајцата преведувачи и полициското обезбедување, но и адвокатот од Македонија, кој е сведок во случајот.
Адвокатите исто како и на претходното рочиштена 9 март инсистираа да се расправа зад затворени врати бидејќи, според нив, станува збор за политички прогон, а Грујевски и Бошковски се обвинети за политички криминал (нешто со што тие како одбрана не се согласуваат). Сметаат дека во исказот што ќе го дадат има прашања што се доверливи, кои не се за јавност. Безбедноста на нивните клиенти беше уште еден од аргументите на адвокатите.
За Грујевски и Бошковски во Грција, како што веќе објави МИА, се водат три различни и меѓусебно неповрзани процеси.
Едниот процес е за фалсификуваните пасоши, со кои беа фатени на солунскиот аеродром, судењето по три одложувања, ќе се одржи на 17 мај годинава.
Другиот случај е по поднесеното барање за азил на 29 ноември минатата година. Сослушувањето пред комисијата за азил во Солун беше закажано за 15 февруари, но одложено, поради тоа што тие веќе се наоѓаа во Атина.
Третиот е по македонското барање за екстрадицијата, за кој Советот на судии во Солун, на 5 јануари одлучи, Никола Бошковски и Горан Грујевски да бидат екстрадирани во Македонија, а веднаш потоа нивните адвокати поднесоа жалба против одлуката на судот, за случајот да го разгледа Врховниот суд во Атина.