На 15 октомври кога е стартот на грејната сезона, граѓаните на Скопје ќе имаат парно, а цената ќе биде иста се додека не се постави цевководот под мостот „Беласица“, од каде што ќе се добива поевтина топлинска енергија од когенеративната централа „Те-То“.
– Скопје ќе има парно греење, никогаш тоа не било доведено во прашање. Она на што инсистира РКЕ, е тоа да биде по далеку пониски трошоци и од тоа нема да отстапи. Скопје и со постојната инфраструктура што ја има со двете топлани без кој било цевковод може да се снабдува со топлинска енергија и ќе нема никаков проблем во однос на снабдувањето со топлинска енергија. Поентата е што е можно повеќе топлинска енергија да ни дојде од „Те-То“ за да ги намалиме трошоците на целокупниот систем – вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.