На 13-ти јануари ќе се знае дали „Медена земја“ ќе биде номиниран за „Оскар“

by fokus

Македонскиот филм „Медена земја“ останува во трката за номинација за најпрестижната награда „Оскар“, а Американската академија за филмска уметност и наука на 13 јануари официјално ќе ги објави номинациите и тогаш ќе се знае дали македонскиот документарец ќе биде номиниран и во колку категории.

Како што соопшти Американската филмска академија, „Медена земја“ ќе се натпреварува во категоријата документарни филмови во кои влегоа 15 од првично предложени документарци. Исто така филмот останува како еден од десетте номинирани во категоријата Меѓународен филм.

Гласањето за номинациите почна денеска и ќе трае до вторник, 7. јануари. 2020 година. И годинава домаќин на „Оскарите“ ќе биде „Долби театарот“ во Холивуд, а церемонијата ќе се одржи на 9. февруари во Лос Анџелес.

Нашиот филм овој месец беше меѓу петте номинирани за најдобар документарец на Европските филмски награди за 2019. Во низата награди што ги доби овој месец е и признанието од „Њујорк тајмс“ за најдобар во 2019, две признанија на Интернационалните документарни награди во Лос Анџелес, најдобар документарец според њујоршките филмски критичари.

Поврзани новости