На 13 октомври пресуда за случајот Русковска против ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Завршните зборови и објавувањето на пресудата за случајот во кој обвинителката Вилма Русковска го тужи ВМРО-ДПМНЕ се закажани за на 13 октомври. Во Основниот суд Скопје 2 денеска беа презентирани материјални докази односно судењето почна со гледање на изборните спотови на ВМРО-ДПМНЕ „Криминална приказна“ и „Штаб на лагите“.

Во првиот спот како што наведе судот се употребени зборовите „имам претчувство дека Вилма ќе те викне за да одбереш зашто ќе ти поднесе обвинение”.

Во спотот пак „Штаб на лагите“, како што посочи судијата е извршена употреба на ликот на обвинителката Вилма Русковска, во контекст на еден гласач, кој бара чисто и функционално судство, односно наводниот активист на СДСМ, понуди два лика од правосудниот систем, држејќи две паноа со ликови на судија од кривичен суд и обвинителката Русковска, обраќајќи се  со зборовите: -А што ако ти ги дадам нив?.

На судењето не присуствуваше Русковска и претставник од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости