869
Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска го потпиша Решението за распишување предвремени избори за градоначалник на Општина Пласница и Општина Штип.
Како што информира собраниската прес-служба, недела, 13 декември 2020 година е денот утврден за одржување на изборите.
Решението ќе го спроведат Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија и избирачките одбори, а влегува во сила со денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија.“
Изборите се распишуваат откако градоначалникот на Штип, Благој Бочварски беше избран за министер за транспорт и врски, а Исмаил Јахоски кој беше градоначалник на Пласница стана пратеник.