Министерот за транспорт на Бугарија Николај Шабев за БНТ изјави дека првиот лет за Скопје ќе биде на 11 февруари, а редовните летови ќе започнат во март.
Заедно со Шабев во Скопје ќе бидат и претставници на тур-оператори од Бугарија, кои ќе се сретнат со нивните македонски колеги. Заедно со двајцата ресорни министри на разговорите ќе учествуваат и најголемите инвеститори во областа на туризмот од Бугарија.
Тур-операторите од Бугарија и Северна Македонија ќе треба да договорат туристички пакети за посетите на туристите од двете земји да станат профитабилни и атрактивни.
Со тоа, според министерот за транспорт Николај Сабев, Бугарија сака да привлече два милиони туристи од Северна Македонија да ги посетат нејзините одморалишта.
Сабев рече дека за рутата треба да има повластени давачки, кои ќе ги добива бугарската авиокомпанија која ќе ги извршува летовите.
Бугарија, како што најави, ќе предложи состанок на министрите за транспорт од Северна Македонија и Албанија со Европската комисија за Коридорот 8 да се трансформира во Коридор на Западен Балкан.
– Ќе биде финансиран од Европската комисија, изјави бугарскиот министер за транспорт Николај Шабев.