МЗЖСПП веќе спроведе инспекција во Усје, активностите се во законски граници

by Fokus

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во вечерашното интервју на телевизија Алфа рече дека доколку тој би имал ингеренции врз Државниот инспекторат за животна средина би испратил инспектори во фабриката Усје. Според информациите на Државниот инспекторат за животна средина кои се јавно објавени, инспекторатот веќе извршил инспекција во УСЈЕ на 12.12.2019 година. Извештајот од последниот инспекциски увид може да се најде на страницата на МЗЖСПП, а по изјавата на Шилегов, инспекторатот го реобјави. Инспекцијата уште еднаш покажа дека сите активности се во рамки на законски дозволените лимити.

Во врска со шпекулациите дека УСЈЕ гори „ѓубре“и „опасен отпад“ од Усје претходно информираа дека во своето работење користи различни видови на енергенси, а од неодамна инвестирале во најсовремена технологија за употреба на алтернативни горива, за која ги поседуваат сите неопходни лиценци и дозволи издадени од надлежни институции. Во моментот употребата на алтернативни горива во УСЈЕ изнесува 4% од вкупната количина на енергенси, велат од компанијата. Во УСЈЕ се инсталирани најсовремени филтри кои се автоматизирани и доколку истите не функционираат автоматски запира процесот, што значи дека е технолошки невозможна било каква производствена активност во компанијата доколку не работат филтрите.

С.Т.

 

Поврзани новости