741
Кошаркарите на МЗТ Скопје по пауза од четири години повторно ќе играат во АБА лигата откако вечерва во второто полуфинале на завршниот турнир во АБА2 лигата со 75:71 го совладаа Широки.
Кoшаркарите на овој клуб пласманот во АБА лигата го обезбедија поради победата на Златибор во првото полуфинале. Имено, според пропозициите на Јадранската лига, не е дозволено да играат шест екипи од една земја и поради тоа српскиот тим Златибор ќе мора да игра два баражи за да обезбеди пласман во АБА лигата.
Тие ќе мора прво да играат бараж двомеч со Сплит, а потоа и со најслабопласираниот српски тим во АБА лигата. МЗТ Скопје последен пат во АБА лигата настапуваше во сезоната 2017/2018.