Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство реагираше на соопштението на дополнителниот министер Љупчо Николовски, кој денеска рече дека поднел кривична пријава против службено лице во ресорното Министерство кое, согласно ревизорскиот извештај, постапувало спротивно на законите со што му нанело штета на државниот буџет и ги повредило правата на закупците.
-Во недостиг на идеи, Николовски, со денешното соопштение ги извртува наводите од ревизорскиот извештај со цел да добие политички поени или да ја прикрие нетранспарентната распределба на земјоделското земјиште од страна на Владата на СДСМ. Се што е работено во министерството е сработено, е сработено согласно закон- стои во соопштението на МЗШВ.
Од министерството го прашуваат Николовски кој ќе одговара за распределените 100.000 хектари земјоделско земјиште на 411 земјоделски стопанства во периодот до 2006 година кога министерството за земјоделство го воделе кадри на СДСМ.