На барање на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија, согласно Законот за општа безбедност на производите, ги вклучи стандардите за цврсти биогорива во Листата на стандарди со чија употреба се смета дека производот е безбеден.
Како што соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање, со објавување на дополнетата листа на стандарди во Службен весник, од 2 февруари овие стандарди стануваат задолжителни и за производителите и за трговците.
-На тој начин се воведува регулирање на квалитот на цврстите горива што се користат во државата, со што ќе се влијае на подобрување на квалитетот на воздухот, на животнта средина и на здравјето на луѓето, се наведуав во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.