МЗ: Загинаа вкупно 14 лица, за време на пожарот во болницата имало 26 пациенти

by fokus

Од Министерството за здравство информираат дека во вчерашната несреќа при пожар во Ковид центарот во Тетово загинаа вкупно 14 лица.

-Во Ковид центарот за време на пожарот имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност. Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со полесни повреди. Министерството за здравство изразува сочувство до семесјтвата на загинатите и длабоко жалење за страотната несреќа. Министерството во текот на денот постојано ќе информира за сите нови детали околу случајот, апелираме до медиумите и граѓаните да ги следат официјалните информации и да се воздржат од шпекулации за овој немил настан, информираат од Министерството.

Утринава и од Обвинителството информираа дека се пронајдени 14 тела, но и дека се истражува да не има уште.

-Во соработка со припадници на МВР, веднаш е започнат увидот. Обвинителите издадоа наредби за обдукција и идентификување на телата на 14 лица починати во пожарот, а се испитува и дали има и други починати лица. За некои од починатите ќе биде потребна ДНК анализа за да се утврди нивниот идентитет. Според првичните сознанија, меѓу починатите нема медицински персонал, информираа од Обвинителството.

Поврзани новости