Рано утрово на Хируршките клиники започна експлантацијата на црн дроб, бубрези и на коскени ткива, откако вчера попладне семејството на пациентка во мозочна смрт даде согласнот за донирање, информираат од Министерството за здравство.
– Нивната желба да подарат некому живот и здравје, денес донесе трансплантација на црн дроб, два бубрега и на коскени ткива. Благодарност до семејството од мое име и од името на сите екипи кои во изминативе 24 часа работеа и продолжуваат да работат, истакна министерот за здравство, Беким Сали, пренесуваат од министерството.
Дополнуваат дека тој истовремено искажал благодарност до сите медицински екипи кои изминатите часови работеа на подготовка на донорот, на реципиентите и во операциските сали.
– Нѐ радува тоа што се повеќе семејства се одлучуваат да ги донираат органите и да спасат некому живот, посочил министерот.
МЗ: Во новата година уште една трансплантација на црн дроб, бубрези и коскени ткива
342
претходна вест