МЗ: Во изминатите 24 часа 16 починати и 151 оздравени пациенти

by Fokus

Во изминатите 24 часа пријавени се вкупно 16 починати пациенти информираат од министерството за здравство.

Починати се 5 пациенти од Прилеп (83г, 75г, 75г, 73г, 49г), 3 пациенти од Охрид (85г, 83г, 77г), 2 пациенти од Скопје (78г, 62г) и по еден пациент од Куманово (76г), Крива Паланка (76г), Струга (68г), Гевгелија (75г), Кочани (83г) и Неготино (67г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Регистрирани се 151 оздравени пациенти  и тоа 86 од Скопје , Велес – 17, Прилеп – 15, Тетово – 7, Куманово – 6, Крушево – 4, Гевгелија – 3, Битола, Кичево, Виница, Кратово – по 2, Штип, Кочани, Дебар, Крива Паланка, Радовиш – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 502.711 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.285, бројката на оздравени пациенти е 89.400, на починати е 3.063, а бројот на активни случаи изнесува 6.822.

Поврзани новости