МЗ: ВМРО ДПМНЕ лаже, во лабораториите има и тестови и реагенси за Ковид-19

by Fokus

Министерството за здравство ги осудува лагите кои ги пласира партијата ВМРО ДПМНЕ и ја повикува опозицијата да престане да шири паника во јавноста и вознемиреност кај граѓаните.

-Апсолутна лага е дека државните лаборатории немаат реагенси за ПЦР тестови. Апсолутна лага е дека се чека за термин за тестирање. Во земјава дневно може да се прават 4-5000 тестови за Ковид 19 и сите закажувања се реализираат тековно, а резултатите се објавуваат за најмногу 24 часа. Во време на пандемија, ВМРО ДПМНЕ одлучи да биде на страна на лагата, секојдневно да креира лажни сценарија дека во болниците нема кислород, дека здравствените работници на знаат да лекуваат па затоа смртноста е голема, како што тврдат тие. ВМРО ДПМНЕ во време на пандемија одлучи да го опструира процесот на набавка на вакцини, пласирајќи во јавноста фалсификувани документи со невистинити суми лажејќи дека вакцини се набавуваат со провизии. За ВМРО ДПМНЕ „небитни“ се луѓето кои се вакцинираат против Ковид 19. Тажно е што и од процесот на имунизација на возрасните граѓани, вработените во критичната инфраструктура, здравствените работници ВМРО ДПМНЕ сака политички да профитира, се вели во соопштението на МЗ.

ВМРО-ДПМНЕ утринава преку соопштение посочи дека државните лаборатории оставени без реагенси.

-Во меѓувреме други земји вакцинирале по 20-30 проценти од населението, некои и до 60 проценти од населението. Само тука, исто така може да се постави прашањето дали има доволно реагенси, дали се прават доволно ПЦР тестови? Прашањето за реагенсите, потоа за тоа дали има доволно термини за ПЦР тестови се поставува, замислете после повеќе од година дена корона во Македонија?! Граѓаните се на почеток молат за термин за тестирање, ама очигледно нема. Срамно! Тоа, е тоа што Филипче и Заев знаат да го направат да се забавуваат, ама не и да ја работат својата работа за која се платени од граѓаните! Филипче и Заев веднаш одете си! Филипче и Заев ќе одговарате, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости