МЗ: Вчера прва доза примиле 1.820 граѓани, 721.156 се ревакцинирани

by Fokus

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 784.244 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.820 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 7.207 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.505.469 дози вакцини, а ревакцинирани се 721.156 граѓани. Трета доза вакцина вчера примиле 69 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Со последните бројки, како што се посочува, 55 отсто од населението над 40 години имаат примено една доза вакцина и 32 отсто од населението над 18 до 39 години е вакцинирано со една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, информираат од Министерството.

Поврзани новости