Кривата на излекувани пациенти од kовид-19 стрмо расте додека бројот на активни случаеви има одличен пад, соопшти денеска Министерството за здравство.
Согласно последните трендови во однос на заболените и излекуваните од коронавирус бројките се исклучително охрабрувачки.
-Денешните податоци покажуваат дека имаме само пет нови случаи од вкупно 249 тестирања што претставува стапка од 2 отсто позитивни од сите направени тестови во едно деноноќие, се вели во соопштението.
Бројот на пациенти кои имаат индикација за тест, исто така, значително опаѓа и со тоа опаѓа и бројот на направени тестови.
-Според информациите од приватните лаборатории, барањата за тестирање се исто така значително намалени. Времето на чекање за тестирање исто така е сведено на минимум, односно еден ден, дополнуваат од МЗ
Тие информираат дека продолжува активно да се тестира согласно индикациите на сите пунктови и во сите лаборатории, но и будно ќе се следи состојбата се до целосно спласнување на епидемијата. Досега во земјата се направени 17.246 тестови.