551
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 45 оздравени пациенти во: Скопје-19, Куманово-25, Прилеп-1.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби денеска за прв пат од почетокот на епидемијата, во 24 часа, нема прием на нови пациенти, позитивни или сомнителни на ковид-19.
Согласно ова вкупната бројка на заболени од ковид во нашата земја изнесува 1506, бројката на оздравени пациенти е 852, на починати е 82, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 572. Последната состојба по градови е следна:
– Скопје – 509
– Куманово – 400
– Дебар – 51
– Штип-34
– Прилеп –157
– Тетово – 85
– Струга – 67
– Велес – 77
– Битола –19
– Охрид –15
– Кавадарци – 5
– Гостивар –17
– Гевгелија – 4
– Струмица – 2
– Крива Паланка-5
– Радовиш – 4
– Крушево – 3
– Кочани – 31
– Пробиштип – 2
– Кичево – 2
– Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
– Демир Хисар – 1
– Македонски Брод -2
– Пехчево- 2
– Делчево-1
– Валандово -1
– Виница – 2