Во период од 6 август до вчера на територијата на државата 60.772 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од кои 31 отсто биле целосно вакцинирани, односно 19.025 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистика за изминативе месеци, 41.747, граѓани, односно 69 отсто од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани, се наведува во анализата што денеска ја објави Министерството за здравство.
За вакцинирани, како што се посочува, се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.
-Во период од 6 август до вчера од вкупниот број починати со Ковид-19, 79 отсто биле невакцинирани, а 21 отсто примиле вакцина, велат од МЗ.
Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.
-Секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, информираат од Министерството и апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.