621
Министерството за здравство ги демантира обвинувањата на опозицијата за наводно прикривање на 20 случаи на заболени од ковид-19.
„Министерот Филипче од првиот дијагностициран случај на ковид-19 во земјава известува точно, навремено и транспарентно. На 02.06.2020 година, министерот Филипче на прес-конференција потенцираше дека се до почеток на прес-конференцијата се уште не се стигнати бројките од една приватна лабораторија. По добивањето на бројките од приватната лабораторија, Министерството за здравство во 18:41 часот преку соопштение информираше за деталната анализа која ја најави и министерот Филипче на прес-конференцијата“, велат од МЗ.