Од Министерството за здравство нагласуваат дека вакцините се безбедни и ги има во доволен број, па затоа апелираат на поголема заинтересираност, особено кај помладата популацијата Неготино, Кавадарци и Охрид се трите града во кои над 60 отсто од населението примило барем една доза од вакцината против ковид-19, додека на дното на листата се Гостивар и Дебар, објави Министерството за здравство.
Гледано на цела територија на државата, 44,6 отсто од граѓаните над 18 години се вакцинирани барем со една доза.
Во Неготино како прв на листата една доза примиле 63,4 отсто, во Кавадарци 62,3 проценти, а Охрид 61,4 отсто.
Над половина од полнолетното население е вакцинирани со прва доза и во десет други градови: Гевгелија 59,8 отсто, Берово 56 отсто, Ресен 57,2 отсто, Битола 55,8 отсто, Ресен 57,2 отсто, Пехчево 53 отсто, Крушево 52,3 отсто, Валандово 53,3 отсто, Штип 51,9 отсто, Пробиштип 50,5 отсто.
Помеѓу 40-50 отсто опфат на вакцинирано население со барем една доза на вакцина има во: Демир Хисар, Велес, Св.Николе, Кочани, Делчево, К.Паланка, Струга, Прилеп, М.Брод, и Скопје,
Од 30-40 отсто вакцинирани се во: Кичево, Виница, Куманово, Кратово, Струмица, Тетово, Гостивар, Радовиш.
Гостивар и Дебар на дното на листата имаат по 30,5 отсто односно 31,7 отсто вакцинирани со една доза.
Од Министерството за здравство нагласуваат дека вакцините се безбедни и ги има во доволен број, па затоа апелираат на поголема заинтересираност, особено кај помладата популацијата.
-Вирусот не ги исклучува младите, а на тоа укажуваат бројките од последните анализи. Потребно е сега младите активно да се вклучат во опфатот со вакцинација и само на овој начин, со што поголем процент на вакцинирано население помеѓу помладата популација ќе го зацврстиме колективниот имунитет и заеднички ќе создадеме бариера на секој иден епидемиолошки бран предизвикан од вирусот ковид 19, велат од Министерството за здравство.
Апелот на здравствените власти најмногу е насочен кон помладите затоа што гледано по возрасни групи, од населението од 18-39 години вакцинирани се само 29 проценти, додека кај оние над 40 години барем една доза примиле 54 отсто.