Министерството за здравство реагираше дека невистинити се исказите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, изнесени во Само интервју на Канал 5, дека државата има тестови за коронавирусот за само неколку денови. Како што велат од министерството на чело со Венко Филипче, во моментот државата на располагање има 4.500 тестови, со неделно надолнување од 2.000 тестови, а се чека во секој момент да стигне донација од 20 илјади комплети за тестирање.
„Не навлегувајќи во причините за ширењето на такви информации, Министерството за здравство упатува апел да не се шири паника со пласирање на непроверени и лажни информации и уште еднаш истакнува дека тестови за утврдување на присуство на коронавирусот има доволно за да ги задоволат потребите на нашата земја“, се вели во соопштението.