МВРО-ВМРО им дало дипломатски пасоши на Зврлевски, Калиопи, Вангеловски…

by fokus

Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Емил Димитриев, Даниела Рангелова, Тони Јакимовски, Илија Димовски, Владимир Пешевски се само дел од лицата кои се опфатени во истрагите и обвиненијата на Специјалното јавно обвинителство, а коишто поседуваат дипломатски пасоши. НОВАТВ дојде до списокот на сите лица за кои што Министерството за надворешни работи издало дипломатски пасоши.

Пасош има и Оливер Андонов, човекот кој беше само еден ден министер за внатрешни на Република Македонија. Иако министер стана на 1 септември, дипломатски пасош добил на 7 септември откако беше разрешен од позицијата министер.

Пасоши имаат и обвинителите Марко Зврлевски, Вилма Русковска, Јово Вангелвоски, поранешниот министер за информатичко општество Иво Ивановски, поранешниот ректор Велимир Стојковски, но и пејачката Калиопи.

Утре на НОВАТВ читајте го целото истражување: Кои се стотиците граѓани кои добиле дипломатски пасош и дали е почитуван законот. 

 

Поврзани новости