418
Министерството за внатрешни работи информира дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави за наводно поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово и е утврдено дека станува збор за лажни пријави.
– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, се вели во соопштението од МВР.
Пријави за закани за наводно поставени бомби кои пристигнале на електронските адреса денеска имаше во 17 основни училишта и 22 средни училишта во Скопје, како и во осум основни училишта плус еден клон и едно средно училиште во Куманово.