615
Од МВР вечерва информираат дека се затворени седум локали во Скопје што не ја почитуваа мерката на Владата.
-Министерството за внатрешни работи-СВР Скопје во координација со Државниот пазарен инспекторат денеска попладне (15.03.2020) презеде мерки за затворање локали во северниот дел од Скопје што не ја почитуваат одлуката на Владата. Затворени се вкупно седум локали. Локалите ќе бидат затворени до завршување на мерката која е донесена од страна на Владата на РСМ, велат од МВР.