МВР за убиството во Тетово: Издаден е централен распис за апсење

by fokus

Од МВР информираат дека е распишана централен распис за апсење за можниот осомничен за убиството во Тетово.

-Во врска со настанот кој вчера (05.07.2024) во 20.35 часот бил пријавен во СВР Тетово, дека на ул.„Штипска“, во близина на угостителски објект, едно лице кое било со возило „мерцедес“ пукало кон возило „бмв“ во кое било лицето со иницијали Р.Т.(39), кое од добиените повреди починало, ве известуваме дека веднаш вчеравечер беше одржан работен состанок во просториите на СВР Тетово на кој учествувало раководството на СВР Тетово, на криминалистичка полиција, на економски криминал и на ПС Тетово, на кој се дадени прецизни насоки за понатамошно постапување.

Во координација со Основното јавно обвинителство Тетово формирана е увидна екипа, која извршила увид на лице место, подигнати се траги за вештачење, како и возилото во кое бил Р.Т., кое е однесено за криминалистичко-техничка обработка, а неговото тело по наредба на јавен обвинител е предадено за обдукција.

Од страна на инспектори извршени се службени разговори со лица – можни сведоци на настанот, извршени се дополнителни проверки, по кои веќе постојат основи на сомневање за можниот сторител на делото, издаден е централен распис за негово лишување од слобода и продолжуваат интензивните оперативно-технички мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости