МВР за орото во Чаир: До овој момент нема пристигнато кривична пријава, доколку биде утврдено прекршување на законот ќе се постапи

by fokus

Откако вчера на социјалните мрежи се споделуваше видео, на кое се гледа како за време на полициски час, жители на скопски Чаир играат оро, прашавме во МВР дали е направена контрола во оваа населба, и дали се превземени мерки.

Од МВР велат дека се превземаат мерки за сите што не ги почитуваат одлуките на Владата.

-Министерството за внатрешни работи превзема мерки за санкционирање на сите лица кои не ги почитуваат одлуките на Владата. До овој момент за конкретниот настан нема пристигнато пријава. Доколку од страна на Секторот за внатрешни работи се утврди дека во конкретната снимка има елементи за прекршување на законот, кон конкретните лица ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, велат од МВР.

В.В.

 

Поврзани новости