МВР за “Фокус”: Малолетници опожариле цистерна, најверојатно починало девојче

by Fokus

Од министерството за внатрешни работи за “Фокус” ја потврдија информацијата дека од страна на малолетни деца е опожарена цистерна, во која најверојатно имало малолетно женско лице, кое починало.

Во 21.05ч. во ПО-Петровец С. К. пријавил дека во населба Илинден кај железничката станица, складиште на Макпетрол од страна на малолетни лица опожарена е цистерна. Двете малолетни деца се кај него дома и по обавениот разговор со децата посочено е дека на цистерната најверојатно има малолетно женско лице и истото е починато.

На лице место упатени полициски службеници за расчистување на случајот. Ова е првична информација спиред тоа како е пријавено. Повеќе детали ќе имаме подоцна.

И.М.

Поврзани новости