ФОКУС: Дали МВР провери кој го пропуштил Мијалков без да го претресе?
МВР: Ве известуваме дека согласно Законот за гранична контрола Министерството за внатрешни работи на граничните премини го утврдува идентетот на лицата на влез и на излез од Република Македонија и врши увид во патната исправа на истите.
ФОКУС: Тогаш кој ја донел одлуката за пропуштање на Мијалков без да му се провери торбата?
МВР: Контролата на личниот багаж е одговорност на аеродромското обезбедување. Веќе преку медиумите беше соопштено дека приватната компанија која стопанисува со аеродромот ќе спроведе внатрешна контрола за случајот.
ФОКУС: Со каква патна исправа патувал Мијалков?
МВР: Лицето за кое се интересирате не поседува дипломатска исправа, туку поседува валидна патна исправа како и секој друг граѓанин.
ФОКУС: Дали Мијалков го раздолжи пиштолот откако ја напушти функцијата во УБК?
МВР: Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање не должи никакво службено оружје. Истиот е целосно раздолжен со заминувањето од функцијата Директор на УБК.
ФОКУС: Дали имате податок за приватното оружје на Мијалков и со какви пиштоли располага?
МВР: Министерството за внатрешни работи има база на податоци за сите лица кои поседуваат оружје со одобрение вклучително и на лицето за кое се интересирате.